Македонија останува земја со висок степен на корупција во Европа. Иако бележи скок од 14 места, сепак според извештајот на Транспаренси Интернешнал, Македонија е на 93-тото место од вкупно 187 земји. Друштво ѝ прават Косово, Гамбија, Гвинеја, Монголија и Панама. Слаѓана Тасева, вели дека Македонија е во полоша позиција во споредба во 2014 година.
-Напредокот од само два поени и искачувањето од 14 позиции, никако не треба да се смета како добар резултат или подобрување. Македонија и понатаму е 27 места подолу, во споредба со 2014 година. Годинава подобрувањето не е благодарение на работата на надлежните институции во борбата против корупција. Сѐ уште има стагнирање во работата на правосудството – вели Тасева.
Годинава како најпозитивна е оценета работата на СЈО и вклучувањето на граѓанскиот сектор во градење политики.
Според извештајот на Транспаренси, од земјите во регионот со најнизок степен на корупција е Словенија, која е рангирана на 36-тото место. По неа следуваат Хрватска, Црна Гора, Грција, Бугарија, Турција, Србија и Босна и Херцеговина. Данска е на врвот како најмалку корумпирана држава.
Репортер: Мевљудин Имери