Извозот на природен гас на Гаспром е намален за 27 отсто

Руската енергетска компанија Газпром извести дека извозот на природен гас е намален за 27,1 отсто во првите три месеци од оваа година во однос на истиот период лани, на 38,5 милијарди кубни метри.

Според соопштението на Газпром, производството на природен гас на компанијата во првите три месеци од годинава не се променило во однос на истиот период од претходната година, додека извозот на природен гас е намален. Според прелиминарните податоци, производството на природен гас на компанијата остана непроменето и е евидентирано на 135 милијарди кубни метри.

Во наведениот период, извозот на природен гас на компанијата во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) е намален за 27,1 отсто во однос на истиот период од претходната година и изнесува 38,5 милијарди кубни метри.

Во соопштението се наведува дека извозот на компанијата во Кина е зголемен, додека стапката на искористеност на подземните складишта за природен гас во Европа е на ниво од 26 отсто.