Македонија

Извршен е распит и претрес на Сашо Дранго, во тек е и вештачење на мобилниот телефон

Извршен е распит и претрес на Сашо Дранго, во тек е и вештачење на мобилниот телефон

Во рамките на постапката во Основното јавно обвинителство Битола се преземаат дејствија во предистражна постапка.

„Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон.

Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи од кои по дел се уште се постапува.

Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес.

По завршување на сите дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Основното јавно обвинителство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни