Македонија

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници 

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:

Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.

Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.

Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.

Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата. 

Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.

Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни