Македонија

Ја држел затворена дома, а потоа целиот имот и банкарски сметки си ги префрлил на негово име – уапсен 55-годишен Скопјанец

Ја држел затворена дома, а потоа целиот имот и банкарски сметки си ги префрлил на негово име – уапсен 55-годишен Скопјанец

На 01.08.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје, постапувајќи по пријава според која тој, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77-годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижи, ја довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со текст за наводна купопродажба на имотот, кој во суштина претставувал договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки, со цел да ги префрли на свое име и да се стекне со противправна имотна корист, додека ја држел затворена во нејзиниот дом.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни