Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на протест пред салата „Партизан“ обвини дека министерот за спорт Борко Ристовски сака да направи кафеана на местото на спортската сала, поради што Владата ѝ ја одзела на Општината.
„Не им е до спорт, им е до бизнис. Сакавa да го заградат зеленилото и да прават кафуле. Им реков не. Ова е симбол на Карпош,“ рече Јакимовски.
Министерството тврди дека салата не била во функција и дека се истражува дали Јакимовски договарал користење деловни простории со блиски лица. Тој ги отфрла обвинувањата и најавува правна битка.
Советот на Карпош денеска изгласа салата „Партизан“ да остане под надлежност на Општината – против беа само советниците од ВМРО-ДПМНЕ.