Македонија

Јаневска: Реформата е што е можно подолго учениците да бидат во училиштата за да стекнуваат повеќе знаење

Јаневска: Реформата е што е можно подолго учениците да бидат во училиштата за да стекнуваат повеќе знаење

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска порача дека наставниците по закон треба да остануваат шест часа во училиштата, но дел од нив, како и учениците ќе остануваат и подолго бидејќи тоа е суштината на нивната реформа.

Како што вели, реформата е што е можно подолго учениците да бидат во училиштата за да стекнуваат што повеќе знаење.

„Реформата е наставниците да станат функционални во корист на знаењето, вештините и компетенциите на учениците. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Нас ни требаат наставниците за да го подигнат квалитетот на знаењето. Последни сме на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици доцнат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме. Учениците нема цел ден да бидат над книга“, вели Јаневска.

Таа додава дека учениците треба интерактивно да го совладаат материјалот, да имаат многу спорт, информатика, претприемништво и се што е потребно за да реално да влезат во животот, но и да научат решавање на проблеми и препознавање на булинг и прифаќање на различности.

„Не е ништо страшно. Таму каде што има услови, почнуваме со оваа реформа. Каде што има две смени, не очекуваме ова да се спроведува, но полека ја почнуваме, за да го подобриме квалитетот на знаењето на децата“, вели Јаневска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни