Македонија

Јаневска се извини за изјавата – била лошо срочена

Јаневска се извини за изјавата – била лошо срочена

Министерката за образование Весна Јаневска денеска се извини за вчерашната изјава во која кажа дека оваа година ќе нема учебници за странски јазици, бидејќи децата го учеле од сериите.

„Длабоко да се извинам на јавноста за мојата лошо срочена изјава вчера. На пример во понудените опции се повторува материјал кој децата го учат во својот сопствен мајчин јазик. На пример дефиниција за именка, заменка, предлог…Она што го учат во мајчиниот јазик“, вели Јаневска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни