Македонија

Јаневска: Спогодбата со СОНК е во рамки на можностите

Јаневска: Спогодбата со СОНК е во рамки на можностите

Зголемувањето на платите во образованието од пет проценти, ќе биде исплатено уште веднаш со ноемвриската плата. Што тоа значи? за 33.800 денари, без додатоци минат труд, во ноември на контото на наставникот ќе бидат префрлени 35.500 денари. Во средното образование, за висина на плата од 35.240 денари, зголемувањето ќе биде 1.760 денари, или на сметките ќе легнат 37.000 денари. Овие пресметки се направени за зголемување од пет, а во март ќе следуваат дополнителни седум. Независниот синдикат вели дека не се задоволни од одлуката на Владата.

Кондицијата на буџетот дозволи да се зголемат платите на просветните работници во основното и средното образование за 5%. Ова значи дека ако наставник во основно образование досега земал основна плата од 33.790 денари, со покачувањето ќе добие плус 1.689 денари или во ноември основната плата би изнесувала 35.479 денари, без останати додатоци меѓу кој и минат труд. Во средното образование пак, со 5-те проценти покачување професорите ќе добијат за 1.761 денари повеќе, односно 37.000 денари. Министерката за образование Весна Јаневска вели постигнавме добра спогодба со оглед на тоа каков буџет затекнавме.

Во СОНК се задоволни од постигнатото, особено од тоа што е постигнат договор за постојан раст на платите во следните години со што наставниците и професорите до 2028 година ќе добијат за минимум 46 проценти повеќе пари на нивните сметки. Од друга страна, од Независниот синдикат за образование и наука велат дека нивниот став ќе го соопштат во текот на следната недела откако ќе бидат согледани сите аспекти на договореното. За опозициската СДСМ постигнатото не е достоинствено решение. ВМРО-ДПМНЕ симболично ги зголемиле платите во образованието, наместо 5 покачувањето требало да изнесува 12 проценти – велат во СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни