Македонија

Јаневска: Вложуваме во подобри услови за учениците и студентите за да ги задржиме младите во земјава

Јаневска: Вложуваме во подобри услови за учениците и студентите за да ги задржиме младите во земјава

Обезбедувањето учебници, подобрувањето на училишната инфраструктура, реновирањето на студентските домови и поддршката преку стипендии се дел од мерките со кои државата се бори против одливот на млади луѓе. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во гостувањето на 4ТВ, нагласувајќи дека сите тековни реформи се насочени кон создавање попријатен и поефикасен образовен систем.

Јаневска издвои низа чекори преземени во соработка со студентите, меѓу кои се проширувањето на студентскиот оброк, ваучерите за дигитална опрема, овозможувањето за запишување на постдипломски студии со 180 кредити, како и доделувањето стипендии за дефицитарни струки како математика, физика, хемија, географија и македонски јазик.

Покрај подобрувањето на стандардот, Министерството работи и на усогласување на образованието со потребите на современиот пазар на труд.

„Со универзитетите сме во партнерски односи со цел воведување нови студиски програми кои се атрактивни за младите и барани на пазарот, како што се вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста. Сепак, ефектите од овие реформи не можат да се видат преку ноќ. За да се процени вистинскиот успех на образовните политики, потребно е да поминат од четири до осум години, односно да излезат првите генерации по новите програми“, заклучи министерката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни