Македонија

Јавното обвинителство ги истражува причините за убиството во Ѓорче Петров

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место во населбата Даме Груев, каде беше пронајдено безживотно тело на едно лице.

Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за прибирање на сите траги пронајдени на лице место и нивно вештачење, а телото на починатиот беше предадено на обдукција. До телото на починатиот беше пронајден автомобил Фолскваген пасат со скопски регистарски ознаки, со кој според првичните информации најверојатно управувал починатиот. Автомобилот беше подигнат и врз него утрово се врши детална крим-техничка обработка.

Едно лице е приведено во полициска станица, но се уште се прават проверки за испитување на неговата директна поврзаност со кривично-правниот настан.​

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни