Македонија

Јоханес Хан ја повика новата Влада на Македонија да го почитува Договорот од Преспа

Јоханес Хан ја повика новата Влада на Македонија да го почитува Договорот од Преспа

Еврокомесарот Јоханес Хан ја повика новата Влада на Македонија за почитување на Договорот од Преспа.

Според него, тие треба да работат европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји.

„Што се однесува до случајот со Северна Македониja, тоа ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително, особено новата Влада на Северна Македонија да се држат до Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да помогнат на соседните земји“, вели Хан.

Тој додава дека верува дека ако се направи одржлив чекор напред, во случајот со Северна Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример на разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни