Македонија

Јотова од Охрид: Малку Бугари на пописот имаше оти попишувачите им барале доказ дека имаат бугарско потекло

Јотова од Охрид: Малку Бугари на пописот имаше оти попишувачите им барале доказ дека имаат бугарско потекло
Илијана Јотова во Битола (Фото: Јовица Пауноски, 4NEWS.mk)

Илијана Јотова во Битола (Фото: Јовица Пауноски Заменик претседателката на Бугарија Илијана Јотова ја продолжи посетата во Македонија. Денеска од Охрид рече рече на пописот има малку Бугари оти “им било барано да покажат документн за пописот”.

„Бугарија да застане позади Бугарите за да имаат работа, да не бидат дискриминирани. Кога ќе побараат работно место, да не го губат само затоа што се Бугари. Кога учествуваат во конкурси за некое место, да не бидат отфрлени само затоа што имаат бугарско потекло. Многу работи научивме за пописот. Јас за прв пат разбирам дека, многу срамно, дека токму малата цифра што се појави на пописот за Бугари е оти на одредени места кога се изјаснувале како Бугари, властите им барале документи дека се Бугари, што не треба да се бара. Кон останатите етнички заедници во РСМ не се барани такви документи“, рече Илијана Јотова – потпретседателка на Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни