Автобусите на ЈСП Скопје повторно беа повлечени во гаражите, но премиерот Христијан Мицкоски тврди дека причината не е недостигот на нафта, туку административен проблем. Тој упати апел до раководствата на ЈСП и Град Скопје итно да ги надминат несогласувањата, со цел граѓаните на Скопје непречено да го користат јавниот превоз.
-Јас тоа го дознав пред неколку минути би рекол дека се случува. Такво барање од Градот Скопје нема. Од тоа кое што можам да го добијам како информација е дека раководството на Јавното сообраќајно претпријатие не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта туку дека е административен проблемот. И апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје да ги надминат меѓусебните несогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз, бидејќи овде не станува збор за, колку што јас сум инфомиран, за недостаток на количини на нафта туку едноставно нешто друго е проблемот. Дали не е потпишан договор, дали нешто друго…нека се именува ново лице, или пак нека направат нешто затоа што ова веќе ги поминува сите граници на едно однесување кое не треба вака да се слулува, изјави премиерот Мицкоски.