Македонија

Кабинет на Радев: Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на РСМ не влеваат оптимизам

Кабинет на Радев: Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на РСМ не влеваат оптимизам

Кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев изрази реакција на „навредливите изјави упатени кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери од Република Северна Македонија“.

„Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака во односите со Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали. Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформална средба, каква што се одржа меѓу претседателите на Бугарија и Република Северна Македонија на 13 септември, очигледно во голема мера вознемири одредени кругови во владата на Северна Македонија. За „цивилизираноста“ на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува според тоа дали таа ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе им се спротивстави, како и од способноста да ги почитува меѓународните договори и нејзината вистинска посветеност на имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во Европската унија (ЕУ). Приклучувањето кон обединета Европа бара вистинска волја, систематски напори и конкретни резултати“, се наведува во соопштението од кај претседателот Радев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни