Македонија

Каевски: Претседател на државата треба да се бира на избори од сите граѓани

Каевски: Претседател на државата треба да се бира на избори од сите граѓани

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски денеска по новинарско прашање, истакна дека СДСМ јавно и јасно го кажало во многу наврати нивниот став дека кандидатот за претседател треба да се бира на непосредни избори.

Според него, ова барање не е ништо ново, се слушало и во изборите во 2019 и 2020 година.

„Сметаме дека нема потреба да се назадуваме во демократијата. Важно е дека кандидатот на СДСМ ќе биде поддржан од сите етнички заедници и ќе биде поддржан од најголемиот дел на нашите граѓани и ќе биде победник на претседателските избори. Оттука не очекуваме дека ќе бидат бојкотирани претседателските избори од било која политичка партија и очекувам голема поддршка за канидатот на СДСМ“, порача Каевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни