Кујна

Кафето на многумина ни е омилен пијалок, а сите правиме грешка при варењето: Еве како да има совршен вкус без шеќер!

Кафето на многумина ни е омилен пијалок, а сите правиме грешка при варењето: Еве како да има совршен вкус без шеќер!

Турското кафе најчесто се приготвува на следниов начин:

Во ѓезве ставаме вода, по желба се додава и шеќер, а потоа чекаме водата да се загрее. Го тргаме од оган, ставаме кафе и потоа повторно го враќаме на оган за да зоврие.

Едно од правилата вели дека една шолја црн пијалок „оди“ со една кафена лажичка.

За правење кафе има и друг начин:

Ако ѓезвето е поголемо, па течноста нема да се излее кога ќе зоврие, кафето се прелива веднаш и се чека да се крене пената. Сепак, експертите за кафе велат дека ова е голема грешка.

„Кога кафето ќе го ставите во вода, не смеете да дозволите да зоврие на оган. Доколку зоврие, пијалокот ќе има горчлив вкус“, објасни основачот на компанијата „Roaster Coffee“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни