Кај Велика Планина пронајдени нови делови од авионот, потрагата по пилотот се уште трае: Лошото време ја отежнува акцијата

Малиот авион Mooney Ovation M20R исчезна во областа Велика Планина по полетувањето од Загреб утрово.

Се сомнева дека авионот удрил во колиба, покрај која се пронајдени делови, но потрагата по пилотската кабина се уште трае.

Спасувачките служби се уште продолжуваат со активностите во областа Велика Планина и ќе продолжат во текот на ноќта и утре. Досега се откриени неколку делови од авионот, но пилотот се уште не е пронајден.

Временските услови на терен се неповолни, а поради оддалеченоста на теренот отежнато е да се обезбеди соодветна опрема за безбедна работа, соопштија од љубљанската полициска управа.

Уште еднаш треба да се нагласи дека полицијата ги советува сите да не се движат на овој простор, бидејќи условите се опасни, пред се поради временските услови и стрмнината на теренот.

Како што пренесува 24ur.com, кај нив бил извршен разговор меѓу контролата на летање, пилотот на исчезнатиот авион и спасувачите кои го барале исчезнатиот авион во областа Велика Планина.

Пилотот контактирал со словенечките контролори и рекол дека сака да оди северно од Јесенице. Контролорот му потврдил. Неколку минути подоцна пилотот на N595RJ го повикал контролорот, но врската била прекината пред да може да го каже својот код за идентификација.

Да потсетиме, нешто по 12:30 часот, словенечките спасувачи пронајдоа делови од авионот што исчезна во Словенија во областа Велика Планина откако полета од Загреб. Се сомнева дека авионот удрил во колиба, покрај која се пронајдени делови, но потрагата по пилотската кабина се уште трае.