Македонија

Кај Вршац загинаа дете и возач на автомобил: се судриле автомобил и камион

Кај Вршац загинаа дете и возач на автомобил: се судриле автомобил и камион

Во тешкиот судир на камион и автомобил кај Вршац загинаа возачот на автомобилот, маж (35) и двегодишно дете.

Несреќата се случила на патот Влајковац – Уљма кај Вршац, кога се судриле автомобил со романски регистарски таблички и камион со приколка од Ваљево.

Загинаа маж (35) и двегодишно дете, потврдија за Нова.рс.

Како што пренесуваат медиумите, возачот на „шкодата“ непрописно престигнал и дошло до верижен судар со камион кој доаѓал од спротивниот правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни