Контраверзниот српски политичар во објвавената емисија наметнува дилеми поврзани со убиството на Вања и Панче. Целиот наратив на емисијата е во одбрана на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој пак се наоѓа во притвор и е осомничен за грабнувањето на неговата ќерка.
Еве што ново беше објавено во емисијата, досега непознато за јавноста, но без соодветни докази истото да биде поткрепено. Сепак сите овие тези од српскиот политичар ќе треба да се потврдат или игнорираат со поднесувањето на обвинението од страна на Обвинителството.
- На 23-ти ноември автомобилот на Панче Жежовски го оставаат убијците на Кванташки пазар во Маџари, бидејќи утрото пропаднал планот за грабнување на Вања бидејќи имало метеж пред нејзината зграда.
- Мета не била само Вања, туку и нејзината сестра. А целта била убиство, а не грабнување за пари.
- Таткото на Вања до полицијата доставил видео снимки со кои ги поврзал убиствата на Вања и Панче.
- Мајката на Вања првиот повик го направила кон Брза помош и прашала дали Вања е во болница, а потоа од таму била препратена кон полиција на 27-ми ноември.
- Убијците чекале во зградата да се појави и другата сестра, за да ја грабнат и неа.