Македонија

Какво ќе биде времето викендов?

Какво ќе биде времето викендов?

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со над 20 литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 7 степени, а максималната од 3 до 11 степени Целзиусови.

В недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни