Македонија

Какво ќе биде времето во следните 7 дена?

Какво ќе биде времето во следните 7 дена?

Времето во следната седмица

Во Македонија следува пријатна седмица со умерени температури, без најави за нов топол бран од Африка. Температурите наутро ќе се движат во интервалот од 11 до 18 степени Целзиусови, додека преку денот ќе се искачуваат од 26 до 34 степени.

Можно невреме и кратки дождови

Иако времето ќе биде пријатно, можно е појава на локални дождови во попладневните часови поради спуштање на атмосферски фронтови од север. По прогнозите на метеорологот Славчо Поповски на порталот Метеоаларм, врнежите ќе бидат под просекот за овој период од годината, но ќе можат да бидат повремени и поројни, придружени со грмежи и засилен ветер.

Прогноза за викендот

Според најавите, за викендот очекуваме променливо облачно време со услови за краткотрајни дождови. Искористете го убавото време за активности на отворено, но бидете подготвени за возможни промени во временската состојба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни