Свет

Камала: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа

Камала: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа

Американската потпретседателка и кандидатка на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.

„Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа“, рече Харис.

Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во палестинската енклава, пренесува Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни