Македонија

Камион удрил во мопед во Скопје, уапсен возачот!

Камион удрил во мопед во Скопје, уапсен возачот!

На 30.06.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(29) од Р.Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(32) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од слобода бил лишен возачот Е.П. и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни