Македонија

Камион удрил во пешак и го умсртил на булеварот „Србија“

На 28.09.2019 во 08,40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни