Кандидатот за претседател на Хрватска Нико Токиќ Картело се расплака пред камерите, а видеото брзо се прошири на мрежите.
„Не можам да ви кажам колку сум среќен! Мамо, успеав, ќе бидам кандидат, ќе бидам претседател на Хрватска“, рече Картело пред камерите.
Неговата мајка потоа ги искоментира солзите на синот.
„Многу сум горда, не само јас туку и тато. Секогаш сонуваше дека ќе биде нешто, дека ќе биде голем човек. Како дете секогаш бил ведар, палав и жив. И сега тој е непослушен“, рече таа.
Таа додаде дека се надева дека нејзиниот син ќе победи на изборите и ќе стане претседател.
„Ако успее, одлично, ако не – Боже мој, се надеваме дека ќе победи“.