Каратистите од Македонија, кои викендов ќе отпатуваат во Алборг, Данска, ќе ги одмерат силите на 46-тото Европско карате првенство за кадети, јуниори и сениори. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски вели дека секогаш ќе ги поддржува спортистите и националните спортски федерации.
Арлинд Хусеини, селектор на категоријата У21, вели дека сите спортисти се добро подготвени и изразува надеж дека од Данска ќе се вратат закитени со медал.
„Како што знаете, овој викенд ќе заминеме во Алборг на Европското првенство за кадети и јуниори и У21. Патуваме со сите спортисти во 10 категории. Се надевам дека од таму ќе се вратиме со медал“, изјави селекторот на категоријата У21, Арлинд Хусеини.
Каратистот Доан Османи, вели дека за ова првенство се подготвувал долго и верува дека во Македонија ќе се врати со медал.
„Ќе учествувам на Европското првенство што ќе се одржи во Данска. Се чувствувам подготвено и верувам дека ќе се вратиме со медал. Вежбавме како со клубот каде тренирам, така и со македонската репрезентација. Надежите се големи, исто како и волјата и мотивот. Со малку среќа ќе надевам дека ќе се вратиме со медал“, изјави Доан Османи, каратист.
46-тото првенство во карате ќе се одржи во Алборг, Данска од 8-ми до 10-ти февруари.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ