Македонија

Касами: Да ја направиме Македонија втора албанска држава после Косово, со обединување на Прешевската долина

Касами: Да ја направиме Македонија втора албанска држава после Косово, со обединување на Прешевската долина

Претседателот на движењето Беса Билал Касами синоќа за време на потпишувањето на декларацијата со коалицијата пред присутните се обрати со територијални претензии.

„Почитувани пратеници, градоначалници, честит 28-ми ноември. Нема како да биде поинаку, освен како пред 111 години во Валона. Денеска тука во Тетово да се обединиме, Косово, Македонија и Прешевската долина, за да ја направиме и втората албанска држава, после Косово, зошто да не и Македонија“, рече Касами пред присутните веднаш штом се појави на говорницата.

Ова е уште една изјава во низата периодов која поттикнува национализам во земјава. Ова не е ништо ново штом следуваат избори.

До сега никој од политичарите не одговарал за ваквите изјави со кои се загрозува територијалниот интегритет на Макеоднија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни