Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Македонија

Касами доби покана за суд: Времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво

Касами доби покана за суд: Времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво

Градоначалникот на општина Тетово, воедно и лидер на Движењето БЕСА, Билал Касами, денеска доби покана за распит во Основниот суд во Тетово, поради 11 август, денот на приемот на премиерот на Косово Албин Курти во Тетово.

Причината е интонирањето на албанската химна и веењето на албанските знамиња.

„Уште еден обид за заплашување и молчење, што ме прави да разберам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Тоа го должиме само на граѓаните и на овој народ, бидејќи за вакви режими не се плашевме ниту во комунистичката ера ниту сега. Вашето време истече. Сметајте ги деновите!“, напиша Касами.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни