Македонија

Касами: Можно е од март да прекинат рестрикциите на уличното осветлување

Касами: Можно е од март да прекинат рестрикциите на уличното осветлување

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами најави дека е можно прекинат неколку часовните рестрикциите на уличното осветлување. Од октомври општината согласно мерките за заштеда на енергија но и поради долговите што ги има Општината кон електродистрибутивната компанија ги исклучува уличните светилки.

-Според последните информации што ги имаме од секторот за финансии, веќе сме покриени до крајот на февруари ќе бидеме покриени со трошокот што беше создаден кон ЕВН и од 01.03. верувам дека ќе се вратиме на нормално осветување односно во текот на целата вечер, изјави денеска Касами.

Градоначалникот оваа најава ја истакна пред денешната презентација на физибилити студија за модернизација на јавното осветлување со јавно-приватно партнерство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни