Македонија

Касами по поканата за во станица: Ваквите обиди за заплашување како во времето на комунизмот, воопшто не ме плашат

Касами по поканата за во станица: Ваквите обиди за заплашување како во времето на комунизмот, воопшто не ме плашат

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, по поканата за информативен разговор во полиција, напиша дека ваквите обиди за плашење извираат од времето на комунизмот и дека не се плаши од нив.

Вели дека ваквите уцени доаѓаат од корумпираните политичари. 

„Ваквите обиди за заплашување како во времето на комунизмот, воопшто не ме плашат, дури со главата горе продолжуваме. Уште помалку ме плашат ваквите уцени и обиди за да се спречи обединетата опозиција, кои доаѓаат од корумпираните власти кои ги бројат нивните денови на прсти. Времето на заплашување на Албанците, нивното приведување и нивното носење во злогласните полициски станици, умре, заедно со тоа ќе умре наскоро и овој комунистички и титовски режим“, вели Касами.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни