Поврзи се

Македонија

Катица одлучи по барањето на одбраната: Фетаи и Бубевски остануваат обвинители во „Титаник 3“

Конфронтациите што ги донесе скандалот „Рекет“ во СЈО, послужија како причина за денеска адвокатот Еленко Миланов да побара Катица Јанева и обвинителите на СЈО овластени од неа, да бидат изземени од натамошното постапување во случајот „Титаник 3“.

Судијката Марија Клетничка рече дека барањето на Миланов не соодветствува со законската одредба, на која се повикува адвокатот, но сепак додава дека се обврзани да ги известат надлежните органи за ова барање.

Седницата беше одложена до 14 часот, време кога Јанева требаше да одлучи по претходно доставеното барање. Како што информираат од СЈО, одлуката на Јанева која ја доставила до Кривичниот суд била да не се изземаат Фетаи и Бубевски од предметот „Титаник 3“.

Инаку, предметот „Титаник 3“ на СЈО, е пред завршни зборови и пресуда. Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и заменик-директорот на УЈП-Скопје, Исмет Гури се обвинети дека како членови на Општинска изборна комисија во Чаир, на локалните избори во 2013 уништиле изборен материјал и на тој начин влијаеле врз резултатот.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com