Катица Јанева ќе остане и натаму во Шутка, откако Кривичен суд го одбил барањето за укинување на притворот, и покрај тоа што поранешната специјална јавна обвинителка доставила недвижен имот како гаранција.
„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, до судија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј. Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, до судија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј. за укинување на мерката притвор и определување гаранција, денеска е доставено негативно мислење од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на предлогот. По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован“, се вели во соопштението на Основниот кривичен суд.