Македонија

Кавадарчанец возел со 2,52 промили алкохол во крвта, па излетал од патот

Кавадарчанец возел со 2,52 промили алкохол во крвта, па излетал од патот

На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци.

Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а  од Кривичниот законик –  „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни