Основачот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов преку објава на социјалните мрежи упати реакција по повод кафанскиот напад врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.
Тој се закани дека „кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без неа“.
„И додека тројца шовинисти го претепаа нашиот брат во Охрид, Христијан Пендиков, ние ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката! Му посакуваме на нашиот брат брзо закрепнување. Денес очекуваме брза и адекватна реакција од Бугарија! Исто така, очекуваме реакција и од бугарското општество! Затоа што Бугарите во Македонија ги претепуваат по улиците! Сакаме Македонија бргу да ги уапси и да подигне обвиненија за тројцата напаѓачи, кои му нанесоа телесни повреди на Христијан“, напиша на својот профил Виктор Стојанов.
