Со стари проблеми ќе влезат учениците во новата учебна година во земјава. Ќе доцнат учебниците за трето и шесто одделение, пишува Канал 5.
Со стари проблеми ќе влезат учениците во новата учебна година во земјава. Ќе доцнат учебниците за трето и шесто одделение.
Од Министерството за образование велат дека учебниците се во фаза на подготовка и оттаму уверуваат дека учебниците ќе бидат испорачани набрзо по стартот на учебната година.
„Без учебници ќе започне учебната година за учениците од трето и шесто одделение. Од Министерството за образование велат дека учебниците за овие две одделенија се во процес на изработка“
Додека да стигнат учебниците, основците од трето и шесто одделение ќе користат помошни материјали од Бирото за развој на образованието, кои ќе бидат достапни и во електронска форма.