Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи, која беше воведена за време на кризната состојба.
Од организацијата на потрошувачи велат дека Владата мора од 1 јули да внимава затоа што трговците ќе имаат „одврзани раце“ и ќе можат да ја зголемат цената на лебот, шеќерот, млекото, јајцата и другите производи.
Порачуваат надлежното Министертсво будно да ја следи состојбата и доколку забележи зголемување, односно скок на цените на основните прехранбени производи, да преземе одредни мерки кои треба да дадат резултат на подолг рок.