Македонија

Ќе имаме снег до среда, потоа стабилно но со минусни температури!

Ќе имаме снег до среда, потоа стабилно но со минусни температури!

Утре се очекуваат повремени врнежи од слаб снег, особено во западните и југозападните региони на земјата.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а утринските температури ќе бидат под нулата насекаде.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, стабилно и студено време ќе продолжи во следните денови, со уште пониски утрински температури, кои ќе достигнат и под -10 степени на некои места. Од средината на неделата се прогнозира појава на утринска магла.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни