Македонија

Ќе му биде ли одземен пратеничкиот имунитет на Димовски?

Денеска во 11 часот во Собранието, ќе има седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се одлучува за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски по барање од скопскиот Кривичен суд – Одделение за организиран криминал и корупција.

Димовски заедно со двајцата поранешни министри за земјоделство Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, се под истрага за злоупотреба на службената положба и овластување при доделување на земјоделска помош, како и давање под закуп државно земјиште по што го оштетиле буџетот за 1.4 милиони евра. Под истрага е и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев.

Вчера по распитот, судот донесе одлука за 30 дневен притвор за Цветков и за Делев, додека Спасеновски поради здравствени причини ќе биде во куќен притвор.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни