Македонија

Ќе се отстрануваат незаконски поставените паркинг блокатори во Центар

Ќе се отстрануваат незаконски поставените паркинг блокатори во Центар

Од Инспекторатот на општина Центар предупредуваат дека во наредниот период започнуваат засилени инспекциски надзори за незаконски поставените паркинг блокатори на самите улици, тротоари и останати јавни површини.

– Ова е една од мерките со кои во периодот кој следи ќе посветиме повеќе внимание на процесот на ослободување на јавните простори,велат оттаму.

Исто така упатија апел до сите граѓани и правни лица кои имаат незаконски поставено блокатори на јавни површини, во најкраток можен рок самите да ги отстранат.

– Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на општината, а одговорните ќе бидат санкционирани согласно Законот за јавна чистота, велат надлежните.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни