Македонија

Ќе се ревитализира базенот во Сарај и ќе се привлекуваат туристи

Ќе се ревитализира базенот во Сарај и ќе се привлекуваат туристи

Владата и го даде на општина Сарај на стопанисување базенот во Рекреативниот центар. – Имајќи ја предвид состојбата на демолираниот базен и околните објекти кои не се во функсионалност повеќе од 30 години, сега со менаџирањето на Општина Сарај се отвораат можности овој базен да се ревитализира и повторно да стане атракција за жителите, велат од општина Сарај.

Оттаму потенцираат дека реновирањето на базенот ќе одигра важна улога во привлекувањето на туристи во оваа зона, што значително ќе влијае и за економскиот развој на општината и локалните бизниси.

Од општината најавуваат дека ревитализацијата на стариот базен може да обезбеди бројни придобивки, меѓу кои зголемување на вредноста на имотот во околината, зголемени даночни приходи за општината, развој на спортски активности, како и други еколошки придобивки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни