Свет

Ќе се справиме со санкциите за Русија, рече Лавров

Ќе се справиме со санкциите за Русија, рече Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека претседателот на РУсија, Владимир Путин се грижи за економијата.

Говорејќи на својата прес-конференција, Лавров за економските проблеми на Русија вели: „Ќе се справиме со нив – ќе се справивме со тешкотии во сите моменти од нашата историја“.

Тој вели дека Русија „ќе излезе од кризата со подобра психологија и совест“.

„Немаме илузии дека Западот може да биде доверлив партнер“, продолжува тој, велејќи дека „ќе го предаде кој и да е и ќе ги предаде неговите сопствени вредности“.

„Ве уверувам дека ќе се справиме и ќе направиме се за да не се потпираме на Запад никогаш, во ниту една област од нашите животи“, додава Лавров.

Лавров вели дека Русија „привлече внимание“ на фактот дека Украина „се претвора во антируска“ со текот на многу години, додавајќи: „Украина се претвора во прозападна експериментална алатка“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни