Општина Пробиштип информира дека утре (среда 20.09.2023) со почеток од 10.00 часот ќе се изврши тестирање на хидромеханичката опрема во темелна затварачница на брана Кнежево каде ќе бидат пуштани поголеми количини на вода (до 16,5 m3/s).
При испуштањето на водата, се очекува излевање на водени наноси вдолж реката Злетовица, со најизразенa кулминација на потег од брана Кнежево до Зафат 3 (Зафат за водоснабдување на Штип, Св. Николе).
Од аспект на безбедност, ги информираме граѓаните за доста внимателно движење на овој потег, по пристапниот пат до брана Кнежево, да не се вршат рекреативни активности во и околу реката Злетовица и избегнување на активности по земјоделските површини, како и напасување или чување на стока.
Се очекува нормализирање на водостојот на реката Злетовица по 15:00 ч.