Македонија

Ќе се замрзнуваат и цените на зеленчукот и овошјето? Бектеши вели ќе се знае во петок или недела

Ќе се замрзнуваат и цените на зеленчукот и овошјето? Бектеши вели ќе се знае во петок или недела

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека в петок или недела ќе се знае кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени.

Како што изјави Бектеши, влезните параметри за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство се веќе во Министерството за економија и се очекуваат уште податоците од Царинската управа.

– Во текот на денешниот ден, најверојатно до утре, ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши откако соопшти дека се замрзнуваат цените на хигиенските производи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни