Македонија

Кешишев го менува исказот: „Писмото не е мое, го напишав под притисок од Палчо“

Кешишев го менува исказот: „Писмото не е мое, го напишав под притисок од Палчо“

На денешното рочиште, Влатко Кешишев, кој претходно достави писмо до судот со тврдење дека Љупчо Палевски – Палчо не е извршител на убиствата, повторно побара збор на крајот од сослушувањето.

„Писмото што стигна до судот не е моја изјава, тоа ми беше дадено само јас да го препишам со мој ракопис“, рече Влатко Кешишев на крајот од денешното судење.

На прашање од судијата, кој и кога му го дал писмото, Кешишев одговори:

„Палчо ми го даде додека се возевме заедно од затворот до судот“.

Судија: А зошто ти тоа го направи?

Кешишев: Од страв.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни