Македонија

Киднапиран 39 годишен овчар од Катланово

Киднапиран 39 годишен овчар од Катланово

Вчера во 23.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Х.Р. (39) од с.Отља-Липково пријавил дека околу 17.00 часот додека чувал овци на место викано „Блокови“ во близина на Катланово, скопско дошле неговите поранешни работодавци Б.А., Б.А. и Х.А. со патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и поради тоа што истиот не сакал повеќе да работи кај нив, со закана го внеле во возилото и физички го нападнале.

Го однеле во населбата Ченто, каде без негова согласност го држеле околу еден час.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни