Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Кина повика на брзо изнаоѓање политичко решение за Сирија

Кина повика на брзо изнаоѓање политичко решение за Сирија

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повика на што е можно побрзо изнаоѓање политичко решение за Сирија со цел да се врати стабилноста и редот, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз сириската престолнина и претседателот Башар ал Асад побегна во Русија.

„Кина внимателно го следи развојот на настаните во Сирија и се надева дека сите релевантни страни ќе дејствуваат во фундаменталниот интерес на сирискиот народ. Иднината и судбината на Сирија треба да ги реши сирискиот народ и се надеваме дека сите релевантни страни ќе да се најде политичко решение со цел да се врати стабилноста и редот“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Во неделата, сириските бунтовници објавија на државната телевизија дека го симнале од власт претседателот Башар ал Асад, ставајќи крај на 50-годишното владеење на неговото семејство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни