Македонија

Кирил Петков: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

Кирил Петков: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

Европските лидери оценија дека Бугарија го направила својот чекор. Ова во Брисел го изјави премиерот во оставка Кирил Петков.

„Другото што тие го ценеа е дека оваа одлука е одлука што француското претседателство, ЕУ навистина ја поддржува, препознава и сфаќа дека бугарските барања сега стануваат европски. Сега е време владата на Република Северна Македонија да ја води својата нација. Она што во моментов зависи од нив е да кажат дека сакаат да бидат дел од Европската унија и дека се подготвени да ги преземат чекорите за тоа да стане реалност. „Се надевам дека со помош на европската дипломатија, партнерите во НАТО ќе можат да ги надминат тешкотиите, внатрешно со нив, и да ја водат својата нација на патот кон Европа“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни