Македонија

Клиника „Жан Митрев“: Продолжуваме да спасуваме животи и со блокирани сметки

Клиника „Жан Митрев“: Продолжуваме да спасуваме животи и со блокирани сметки

Клиниката Жан Митрев соопшти дека и покрај тоа што имаат блокирани сметки секојдневно работат, прават сложени кардиохируршки зафати и спасуваат животи на граѓани. Веќе пет дена сметките на болницата остануваат блокирани.

„Обвинителната Искра Хаџивасилева пред медиумите изјави дека ова не е некаква хајка против болницата Жан Митрев“. Сакаме јавно и прецизно да одговориме низ статистички податоци:

– Во цела држава смртноста од Ковид беше 51%, во Клиника Жан Митрев смртноста беше двојно помала од другите болници во земјава и изнесува 25% и тоа на Интензивна нега.

– Овој процент на смртност од 25 % на интензивна нега во време на Ковид пандемијата во Европа е постигнат само во Германија и во нашата клиника.

– Во Македонија починаа 9663 пациенти од Корона, вие како Јавно обвинителство велите дека 1,7% од починатите биле измамени од нашата клиника.

– Обвинителке што се случува со останатите 98,3% кои починале и нивните семејства во другите болници

Точно обвинителке Хаџивасилева ова не е „некаква“, ова е многу добро организирана хајка, со обвинителен акт чиј што главен доказ е ТВ емисија со сцени од погреб.

Бидејќи статистичките податоци покажуваат 75% преживување, она што треба да добиеме е извинување и благодарност, а не блокирани сметки и желба за уништување на нашата клиника.

Сите овие бројки укажуваат само на тоа дека вистината е наша страна и дека обвинителниот акт е конструкција и обвинување без никаква основа.

Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника“, порачаа од Клиниката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни