Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Кои плаќања не влегуваат во неделниот лимит во „Алта банка“?

Кои плаќања не влегуваат во неделниот лимит во „Алта банка“?

Граѓаните со сметки во „Алта банка“ АД Битола имаат ограничување од вкупно 10.000 денари за одливни трансакции во земјата во една календарска седмица, според решението на Народната банка од 1 ноември.

Лимитот се однесува на клиентот, а не на секоја трансакција одделно. Сепак, решението предвидува два исклучока: плаќања кон други лица што имаат платежни сметки во самата „Алта банка“ и измирување обврски кон банката.

Тоа значи дека плаќањето сметки кон приматели во друга банка е опфатено со неделното ограничување. Ако примателот има платежна сметка во „Алта банка“, плаќањето е меѓу исклучоците предвидени во решението.

Ограничувањата се дел од мерките што важат за време на администрацијата во банката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни